Саудиска Арабија потпиша договор со турската компанија „Бајкар“ за производство на дронови

Саудиска Арабија потпиша стратешки договор со турската компанија „Бајкар“ за локално производство на беспилотни летала во Кралството, објави синоќа Саудиската државна одбранбена компанија „САМИ“ на платформата X (поранешен Твитер).

-Договорот „ќе ја подобри улогата на „САМИ“ во поддршката на националната одбрана и зајакнувањето на нашите локални способности“, се вели во соопштението.Во јули, Саудиска Арабија се согласи да купи турски дронови од „Бајкар“ во најголемиот воено-индустриски договор во турската историја.Инвестициите и финансирањето од земјите од Заливот помогнаа да се намали притисокот врз турската економија и валута по 2021 година, кога Анкара прави дипломатски напори да ги обнови врските со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Треба да знаете
Последни објави