Милијардерот и сопственик на Амазон Џеф Безос и неговата девојка Лорен Санчез се уште одмараат на јахта закотвена во близина на италијанскиот град Позитано. Неодамна, фотографите ги фатија во друштво на пријатели кои им се придружија на јахта вредна половина милијарда, меѓу кои беа и Бил Гејтс и неговата нова избраничка Пола Херд.
Пријателите неодамна се собраа на јахтата на милијардерот Џеф Безос, која веќе некое време е закотвена во Позитано, Италија. Додека Безос прегледувал документи и работел на својот лаптоп, неговата свршеница Лорен поминувала извесно време со своите пријатели.
Според Page Six, славната двојка деновиве организираше раскошна забава со ексклузивна група пријатели на луксузната јахта. Меѓу другите, присуствуваа Бил Гејтс и неговата избраничка Пола Херд, американската претприемачка Венди Мардок и филмската и телевизиската продуцентка Фабиола Беракаса Бекман.
Џеф и Лорен се свршија на крајот на мај, кога заљубениот пар беше на одмор во јужна Франција. Парот потоа присуствуваше на Канскиот филмски фестивал, а потоа го продолжија одморот на италијанскиот брег. Пред два месеци беа фатени како се шетаат низ Позитано, каде во тоа време беше закотвена неговата луксузна суперјахта.
Двајцата се уште јавно не ја потврдија свршувачката, но поранешната телевизиска водителка и новинарка беше забележана во јуни со огромен дијамантски прстен на левиот прстен, за кој се вели дека вреди повеќе од два милиони евра.