Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба

-Болничарката со конго-кримска хеморагична треска засега е во стабилна состојба. Самата болест има своја еволуција, така што првите денови не се така лоши, меѓутоа после може да се влоши состојбата и затоа добро се следат сите параметри кај пациентката, изјави денеска во изјава за медиумите, доктор Добринка Наунова Јовановска од ЈЗУ УК за инфективни болести.

Таа посочи дека на болничарката овај ѝ е веќе петти ден како е болна, но се следи постојано за да не дојде до некои влошувања. Затоа што, кај оваа болест е многу важна таа супортивна терапија, заменска терапија да се надокнадува сѐ што се губи итн.

Таа објасни дека пренесувањето на инфекцијата не настанува од обичен разговор, туку се пренесува со прснување секрети, крв и така натаму, а на тој начин била заразена и болничарката која била трета смена кога ја негувала пациентката што почина.

Портпаролот на Комисијата  за заразни болести, Злате Мехмедовиќ денеска изјави дека не треба да се крева паника во однос на новата состојба со конго-кримска хеморагична треска. Тој подвлече дека не очекуваат да има повеќе случаи на конго-кримска хеморагична треска во блиска иднина. 

Треба да знаете
Последни објави