Министерката Петровска и началникот на Генералштабот Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата која ќе положи венец кај Карпалак во спомен на загинатите бранители

 Во Прилеп и во месноста Карпалак, на автопатот Скопје – Тетово, денеска се одбележува 22 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Свежо цвеќе беше положено и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште, а беше одржана и вечерна богослужба во манастирот Св. Петка.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски ќе ја предводат делегацијата од Министерството за одбрана и Армијата која на Карпалак ќе положи венец во спомен на бранителите.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, армискиот конвој беше нападнат од заседа при што животот го загубија 10 резервисти.

Треба да знаете
Последни објави