Момчето кое загина во навивачката пресметка во Атина било избодено до смрт

Навивачот на АЕК кој синоќа им подлегна на повредите здбиени во пресметката со навивчите на хрватскиот Динамо Загреб во грчката престолнина Атина, бил избоден до смрт, соопшти тамошната полиција. Големите нереди во Атина избија во пресрет на вечерашниот натпревар од 3. квалификациско коло за пласман во фудбалската Лига на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб.

До пресметка дошло во близина на стадионот „Опап арена“, во атинската населба „Нова Филаделфија“. Повредени се осум лица од кои тројца Грци и пет Хрвати. Упасени се 96 лица, а 12-годишно девојче се бори за живот по ударите со камен од страна на навивач на Динамо Загреб, пренесуваат грчките медиуми.

-Пред стадионот се случија сериозни инциденти. Млад Грк е избоден до смрт, а шест други лица се повредени и сè уште се во болница, соопшти полицијата.

И покрај забраната од УЕФА за присуство на гостински навивачи, во Атина, според медиумиите пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот клуб. Тие се самоорганизирале и со приватни автомобили влегле во Грција.

Треба да знаете
Последни објави