Силно невреме во САД, двајца загинати, 30 милиони луѓе во опасност

Најмалку две лица загинаа, а повеќе од милион домаќинства останаа без струја поради силното невреме придружено со град, кое го погоди источниот дел на САД.

Жртвите се 15-годишно момче од Јужна Каролина кое загинало кога дрво паднало врз него  и 28-годишен маж во Алабама кој бил погоден од гром, пренесува „Гласот на Америка“.

Предупредувањата за торнадо беа во сила за 10 држави од Тенеси до Њујорк, а американската метеоролошка служба соопшти дека предупредувањето опфаќа 29,5 милиони луѓе.

До синоќа откажани се повеќе од 2.600 летови, а речиси 7.900 се одложени, покажуваат податоците на веб-страницата Flytaver.

Во Мериленд, метеоролошката служба издаде предупредување за поплави за денеска.

Во неколку земји паднаа дрвја и далноводи, а разнесени се цели покриви на куќи, јавуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави