Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспаретно, ефикасно и ефективно затоа што заеднички таргет ни е Македонија членка на ЕУ до 2030 година, истакна потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за ТВ21.
Потпретседателот Богоев посочи дека концептот што СДСМ го нуди е европеизација на државата, додека ДПМНЕ заедно со Левица сака да ја однесе државата во изолација.
– Во НАТО влеговме и сега ни е на дофат ЕУ. Сега овој чекор ако не го направиме, тогаш следува бугаризација. Што е бугаризација што ВМРО – ДПМНЕ ја зборува во континуитет? Бугаразација беше додека 11 години ВМРО – ДПМНЕ беше на власт, зошто, затоа што во тие 11 години се извадени рекорден број на бугарски пасоши за македонски граѓани. Затоа што луѓето во очај си бараат подобра перспектива одеа во Софија, Пловдив, потпишуваа дека се чувствуваат како Бугари дека имаат бугарски корени. Ако македонските граѓани од сите етнички заедници видат дека не може да влеземе во ЕУ поради инаетот на Мицкоски и Апасиев повторно ќе посегнат по бугарски пасоши и повторно ќе имаме бугаризација. Концептот што ние го нудиме за членство во ЕУ до 2030 година е концепт на македонизација, обратно од бугаризација. Македонски пасош, македонско државјанство, животот во Македонија да вреди. Ние нудиме концепт на македонизација и живот по европски стандарди во Македонија. А тие не туркаат во изолација, изолација значи бугаризација, луѓето во очај одат и вадат бугарски пасоши и се потпишуваат како Бугари. Таа е разликата меѓу нив и нас, истакна Богоев.