Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за ТВ21 повтори дека на лидерската средба бил постигнат договор во однос на уставните измени.
-Мицкоски излезе и го кажа, вели договоривме техничка Влада, барам да биде без ДУИ па после изгледа го искараа, има една структура внатре во ВМРО – ДПМНЕ порадикална која што условно кажано го влече за уши и го враќа во колосек кон националнизмот и кон закопување во ровови. Манифестот има за цел уште еднаш да даде гаранции дека преговорите ќе ги водиме сите заедно, транспаретно, ефикасно и ефективно затоа што ние заеднички таргет Македонија членка на ЕУ до 2030 година. Прилично амбициозна цел но не и нереална. Цел која може да се реализира доколку сите седнеме заедно и работиме заедно, вели Богоев.
Тој повика опозицијата да каже што е проблематично во предложениот манифест за преговори со ЕУ.
-Тоа што манифестот гарантира заштита на нашиот македонски јазик, култура и нациолна определба. Тоа ли е спорно? Што има спорно? Спорно ли е до 2030 да се потрудиме да станеме членка на ЕУ. Нека кажат што е спорно. Што е спорно во декларацијата лани што ја изгласавме во Собрание ? Не ја гласаа … Видете го парадоксот на ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ бара гаранции од ЕУ дека немало да има нови услови кои задираат во македонскиот јазик и идентитет, а што е резолуцијата на германскиот Бундестаг, донесе резолуција за Македонија, за посебност на јазик, култура, идентитет. Американскиот конгрес и Сенат септември месец го предлагаат како месец на билатералното пријателство со целосна серија на активности за признавање на македонската култура, јазик, идентитет, нација и посебност. Зборуваме за САД и за Германија. Овие сега сакале некаква гаранција, потенцира Богоев.