Во Јапонија има уште 113.649 преживеани од Хирошима и Нагасаки, просечната возраст им е над 85 години

Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки денеска, на церемонијата по повод 78-годишнината од нападот со атомска бомба врз јапонскиот град, ги повика сите нации кои поседуваат нуклеарно оружје да покажат храброст и да престанат да се потпираат на принципот на нуклеарно одвраќање. Тој, исто така, побара од јапонската влада да го ратификува Договорот за забрана на нуклеарно оружје што е можно поскоро.

На средбата Сузуки ја прочитал Декларацијата за мир, во која го критикувал принципот на нуклеарно одвраќање, што беше потврдено на самитот на Г7 одржан во мај годинава во Хирошима.
Тој посочи дека земјите со нуклеарно оружје и државите кои се под нивниот „нуклеарен чадор“ треба „да покажат храброст и да донесат одлука да се ослободат од зависноста од (принципот на) нуклеарно одвраќање“.

Поради прогнозираниот тајфун, церемонијата во конференцискиот центар Нагасаки беше прва од 1963 година што се одржа во затворен простор, а не во градскиот Парк на мирот, кој се наоѓа во близина на местото на експлозијата на атомската бомба, објави Кјодо.

Нуклеарниот напад на Нагасаки на 9 август 1945 година се случи три дена откако беше фрлена атомска бомба врз Хирошима во западна Јапонија.

Се проценува дека до крајот на таа година градот како последица на нападот загинале 74.000 луѓе, а голем број луѓе ги трпеле последиците до крајот на животот.

Според податоците на јапонската влада, до крајот на март годинава имало 113.649 преживеани од нападите на Хирошима и Нагасаки, што е за 5.346 помалку од претходната година, а нивната просечна возраст била над 85 години.

Треба да знаете
Последни објави