„Куманово гас“ интензивно работи на проширување на секундарната дистрибутивна гасоводната мрежа кај „Соколански парк“ Куманово, информираа денеска надлежните од јавното претпријатие. Предвидено е да се изгради 1, 3 километри мрежа од кои еден километар од булеварот „Трета МУБ“ до средното училиште „Наце Буѓони“ и 300 метри кон „Народна Револуција“ до Соколана, каде веќе е поставена мрежата.
Главната цел на овој проект е да се стигне до средното „Наце Буѓони“, подрачното училиште на „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ како и до ученичкиот дом. Овие објекти се многу важни за претпријатието кои ќе станат сериозни потрошувачи иистовремено овозможуваме да се заштити животната средина.
Покрај правните субјекти, интерес за приклучок има и од домаќинствата. Неколку куќи веќе се приклучиле на мрежата, а дел од нив се во фаза на изработка на проектна документација.
Интерес има особено од станарите во колективни згради каде веќе претпријатието изгради мрежа внатре во зградите.
Дел од кумановци ја користат субвенцијата и од општината која изнесува 15.000 денари и од Министерството за економија која може да биде до 25.000 денари, но не повеќе од 70 проценти од целиот трошок.