Најмалку 62 лица го загубија животот во невремето проследено со обилни врнежи што во последните денови ја зафатија северна Кина, според најновите податоци кои покажуваат дека бројот на жртвите е тројно зголемен за само една недела во Пекинг.
Тајфунот Доксури по соседните Филипини, минатата недела погоди делови од Кина носејќи обилни дождови што предизвикаа голема штета.
Посебно беа погодени главниот град Пекинг, кој ги забележа најобилните врнежи во последните 140 години, и соседната провинција Хебеј.
Кина во последните месеци се соочи со екстремни временски услови и температури.
Бројот на загинати во Пекинг денеска се искачи на најмалку 33, а 18 лица се водат како исчезнати. Врнежите го погодија североисточниот дел на Кина во близина на Русија и Северна Кореја.
Во соседната провинција Хебеј, најмалку 15 лица загинаа во невремето, а во североисточна Кина, во големата провинција која произведува жито, загинаа најмалку 14 лица.