Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град.
Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала многу брзо. Хотелот е еден од популарните спа центри во областа на планинскиот парк „Хижа Здравец“.
Во гаснењето на пожарот се вклучени седум тимови на пожарникари. Според бугарската полиција, пожарот најверојатно избувнал во помошна просторија во хотелот. Локалните медиуми прецизираат дека пожарот избувнал во котларата и зафатил голем дел од зградата. сс