Пронајдено е семејството од Србија по кое од вчера се трагаше по веста дека исчезнале. Тие се живи и здрави, објавено е на Фејсбук групата „Grcka info“.
Се јавија. Фала богу што се здрави и живи и уживаат во одморот“, потврдил за српските медиуми извесен Миле Стефановски, кој од почетокот бил инволвиран во овој случај и вчера бил вклучен во потрагата по семејството.
И во Фејсбук групата „Grcka info“, која вчера ја објавила веста за исчезнувањето, било потврдено дека семејството е безбедно.
„Девојчето се јави дека се е во ред и дека немаат интернет. Пријавено е и во полиција овде во Грција. Кога ќе се слушнеме со родителите на девојчето, ќе објавиме нови информации“, се наведува во групата.
Како што е објавено, семејството се наоѓа во Лименарија, на грчкиот остров Тасос. Им се скршил екранот на телефонот на кој користат Вибер, па затоа не биле во можност да се јават.
Александар Јоксимовиќ и Снежана Стаменковиќ од Јагодина, ко со своите две мали деца, тргнале кон морето решени да најдат сместување кога ќе пристигнат, според информациите кои се наоѓаа на социјалните мрежи биле недостапни. Грчката граница, според објавата, ја поминале на седми август, во 00:30 часот по полноќ.