Американскиот специјален обвинител кој го истражува Доналд Трамп добил судски налог за претрес на профилот на поранешниот претседател на „Твитер“, а компанијата одбила да ја почитува одлуката, се вели во мислењето на Апелацискиот суд објавено денеска.
Апелацискиот суд на округот Колумбија ја потврди одлуката на федералниот судија дека потегот на „Твитер“, сега познат како „Х“ се смета за непочитување и го казни со 350.000 долари, објави „Ројтерс“.
Се наведува дека во овие околности, судот не го злоупотребил своето дискреционо право.
Во мислењето на судот се вели дека налогот е поврзан со истрагата за настаните околу опсадата на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од поддржувачите на Трамп додека тој сè уште беше претседател.
Трамп во објава на својата веб-страница рече дека Министерството за правда „тајно го нападнало неговиот профил на Твитер, за да не биде информиран за голем напад врз неговите граѓански права“.