Тешка сообраќајка кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром, возачот пренесен за укажување лекарска помош

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во близина на Трговскиот центар „Бисер“ во Општина Аеродром во Скопје.

Од МВР потенцираат дека во 15:06 часот, возило „тојота“ удрило во жардињера на булеварот кај ТЦ „Бисер“ во Аеродром.

Екипите на брзата помош излегоа на местото на несреќата, а возачот е пренесен за укажување на лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави