Грчкиот фудбалски претставник во Лигата на шампионите, АЕК издаде соопштение во кое бара жестока казна за хрватскиот Динамо Загреб. Причина се нередите кои ги предизвикаа хрватските навивачи во пресрет на нивата прва пресметка од 3. квалификациско коло во ЛШ која требаше синоќа да се одигра во Атина при што еден домашен навивач го загуби животот, а тројца се тешко повредени. Натпреварот во Атина е одложен. Сега АЕК треба на 15 август во тереминот за реванш средбите да гостува во Загреб, а на 19 да му биде домаќин на Динамо.
На ваквата одлука од УЕФА, АЕК реагира и бараат жестоки казни за Динамо.
-Исто прашање кое ги мачи нашите навивачи, не мачи и нас: Како е можно после ваквото варварско убиство на Михалис од страна на група на криминалци од Хрватска, АЕК може да излезе на терен и да игра против овој тим?
Дали некои од нивните убијци ќе бидат на трибините? Дали таму ќе бидат нивните соучесници во злочинот, а на социјалните мрежи се слави убиството кое го сториле нивните пријатели? Оние кои се гордеат со убиство кое го сториле нивните соработници во организиран криминал?
Кој не тера да играме натпревари додека капе крвта на нашиот убиен навивач и останатите тешко повредени? Кога сите знаат дека оние кои дојдоа тука да убиваат се составен дел од таа организација против кои мораме да играме фудбал?
Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечки живот кои убијците го одзедоа? И се бара ли поради добро на европскит фудбал нашите играчи да ги тераме да играат како ништо да не се случило?
Постои само еден начин: Моментална и строга казна веднаш. Цивилизираниот европски свет тоа го чека. Заедно со АЕК“, стои во соопштението.