Хрватските хулигани изведени пред обвинител во Атина. БББ со долга историја на пустошење ширум Европа

„Хрватските хулигани тврдат дека дошле во Грција за „психолошки да го поддржат“ својот тим, иако знаеле дека УЕФА го забранила доаѓањето на гостински навивачи. Се разбира, не можат да објаснат зошто пристигнале пред ОПАП Арената, вооружени со безбол палки и остри ножеви“, пишува грчкиот портал Њузит.

Првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу Динамо и АЕК беше одложен за 15 август, откако ноќта меѓу понеделникот кон вторникот избувнаа судири меѓу хулигани во Атина, во кои загина еден навивач на грчки АЕК, а неколку лица беа повредени.

Уапсени се речиси 100 лица, од кои 87 Хрвати. Според информациите, се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството.

Атина е последниот во низата хулигански испади на Бед Блу Бојс (БББ) во сите досегашни проблематични „навивачки настани“. За жал, сега со фатална последица на навивачите на АЕК. Имаше многу нереди, особено на домашните дербиа, имаше тепачки по градовите, по автопатиштата, но овој пат се заврши трагично, пишува хрватскиот Вечерњи лист.

Во Бергамо во 1990 година Динамо играше против Аталанта, БББ се судри со полицијата и карабинерите, а имаше и повреди на двете страни. Натпреварот беше приведен до крај, а на излезот беше драматично. И тимот на Динамо и конвојот со навивачи беа следени од полиција, на секој надвозник имаше полициски единици до излезот од Италија.

Во Оксер во 1994 година, по испаѓањето на Динамо, имаше сериозни нереди во градот. Динамо беше казнет со една година забрана за настап во Европа, но не поради навивачите, туку поради навреда на официјалните лица, Чиро Блажевиќ, судијата.

Во Цирих во 1998 година, Динамо оствари блескава победа со резултат 5:0, но лесно можеше да биде елиминиран бидејќи БББ за малку ќе предизвикаше прекин пред тогашниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер. По натпреварот имаше нереди во градот, оштетени се продавници и искршени автомобили.

Голема навивачка тепачка во центарот на Милано на Пјаца Л’Уомо во 2000 година му претходеше на натпреварот помеѓу црвено-црните и сините. Летале шишиња, столчиња и се што на БББ им било при рака во конфликтот со полицијата. Прекрасниот главен плоштад во градот изгледаше како големо бојно поле.

Треба да знаете
Последни објави