Тимот на Јувентус беше убедлив во контролниот дуел против својата втора екипа, победувајќи со убедливи 8-0, но тоа не беше доволно да го спречи хаосот што го направија навивачите по крајот од средбата.
Фановите на „бјанконерите“ цена не сакаат во нивниот клуб да дојде Ромелу Лукаку, кој еден од најомразените играчи кај фановите на Старата дама, а кој е голема желба на тренерот Масимилијано Алегри. Од трибините се слушаше скандирање „Не го сакаме Лукаку, не го сакаме Лукаку“, а фановите дадоа поддршка на Душан Влаховиќ, кој им се заблагодари со два гола.
По завршување на мечот, навивачите на Јувентус влегоа на теренот со цел да покажат дека се максимално сериозни во намерата да го блокираат трансферот на Лукаку.