Агелер: Македонија ќе има многу бенефити од членството во ЕУ

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер вечерва во Вести плус на Канал 5 изјави дека евроинтеграциите на Македонија се шанса земјата економски да се развива. 

Таа се надева дека лидерите ги завршат преземените обврски од минатото лето. 

„Се надевам дека ќе престанеме да гледаме во минатото“, рече амбасадорката. 

Вели дека лажна вест е дека некој ќе го репреговара постигнатиот договор. Агелер вели дека има голема шанса ако не се случат уставните измени, Албанија да продолжи без Македонија на патот кон ЕУ. Таа е разочарана затоа што корупцијата уште е голем предизвик за земјава. Како што кажа, корупцијата го уништува општеството.

„Корупцијата не се случува сама од себе. Не можам само јас да бидат корумпирана. Тоа е производ на одлуки на поединци, на граѓани и официјални и лица. Искрено се надевам на вистинска промена“, потенцира Агелер.

Амбасадорката вели дека граѓаните заслужуваат подобри институции. Кажа дека Македонија ќе има многу бенефити од членството во ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави