Белград за не повеќе од еден месец треба да добие гробишта за домашни миленици во Нови Белград , објавија српските медиуми.
Изградени се внатрешни патишта, паркинг, патеки и придружни објекти, а деновиве се поставува и настрешницата, па работите треба да завршат до крајот на летото.
Вкупната површина на гробиштата е 15.376 метри квадратни, а компанијата „Погребне услуги“ работи на формирање техничка служба за таа работа.
Идејата за гробишта за домашни миленици постои со години бидејќи досега тие се зкопуваа каде кој ќе стигне, во шуми, паркови