Новинарите од бугарската „НОВА“ разговараа со 29-годишниот Драгомир кој беше избоден со нож во скопската населба, Чаир пред натпреварот меѓу „Левски“ и „Шкупи“ минатиот месец.
Тој имал повреда во црниот дроб и во првите мигови повредата била опасна по живот.
Драгомир веќе е пуштен дома, по престојот во болница во Скопје, па во Софија. Тој е добро и се опоравува, пишува „НОВА“.
Бугарскиот навивач кој за првпат јавно зборуваше за нападот тврди дека немало провокација од нивна страна.
„Бевме на погрешно место во погрешно време“, вели тој додавајќи дека масовниот напад се случил додека чекале на семафор.
Драгомир првично не сфаќал дека бил избоден.
„Јас сум жив и здрав. Се враќам во мојата нормална рутина, стапнувам на нозе. Ги учиме лекциите и одиме напред“, вели тој.
Тврди дека навивачите не заминале во Скопје за да прават проблеми, бидејќи воопшто не биле такви. На градницата ги чекале полициски автомобили кои ги спровеле сите навивачи од Бугарија до стадионот. Некои заостанале, други се движеле побрзо. Се испоставило дека другите заминале, па застанале на патот. Полициска патрола ги упатила да продолжат понатаму, раскажува Драгомир.
„Имавме вклучен ГПС. Го бира најкраткиот пат и почнуваме да влегуваме во маалото. Не знаевме што е, немаше никаков знак. Гледаме дека во соседството има луѓе на улица, муслимани. Решивме да продолжиме, не знаевме каде сме, полициска кола немаше. Се движевме полека, сите бевме облечени во сино“, вели Драгомир.
Тој категорично негира дека на каков било начин го испровоцирале насилството врз нив.
„Не направивме апсолутно никакви провокации. Сообраќајот беше густ. Стоевме на семафор. Стигнавме до раскрсница и не’ зафати сообраќаен метеж – автомобилот тргнува, па застанува. Стоиме мирно и чекаме. Седам зад совозачкото седиште и забележувам момче на околу 25-30 години како оди покрај колата. Го гледам странично и одеднаш почнува да ме влече. Мојот шал беше внатре и тој посегна по него и почна да влече. Кога се обидов да се повлечам, одговорот беше удар во окото. Бев помодрен и отечен. Постојано влечеше, не се откажуваше. Решив да ја отворам вратата. Момчињата почнаа да излегуваат. Повеќе луѓе се собраа зад момчето што го влечеше шалот. Еден од нив извади дрвен столб, со кој ме удри по глава. Почнаа да пристигнуваат повеќе луѓе. Имам три конци“, рече Драгомир.
Според неговите зборови, тој и неговите пријатели се обиделе да се вратат во автомобилот и да ги затворат вратите. Токму во овој момент бил избоден.
„Подоцна сфатив дека тогаш сум бил избоден. Едно од момчињата го виде тој што ми го влечеше шалот низ прозорецот како замавнува 3-4 пати“, изјави Драгомир. И додаде: „Мојата цел беше да се извлечам“. Ситуацијата се разви за помалку од 2 минути. И луѓето постојано доаѓаа, фрлаа цевки, шишиња, а во моментот кога успеав да се оттргнам, тие удрија во задниот прозорец и го скршија. Ја гледам и другата кола – нешто се фрла по нив. Беше како во филмовите, работите се развија толку брзо. Страшен шок. Главата ми крвари, крвав сум, а од адреналинот не сфаќам дека сум прободен. Застанавме да видиме колкава е штетата и чувствувам дека целата маица ми е мокра. Кога гледам – бојата се претвори од сина во кафена. Видов дека има многу крв, дека имам убодна рана. Едното момче со нас беше доктор. Ми даде прва помош. Тргнаа да бараат полиција“.
Пред болницата Драго изгубил свест. Потребна била трансфузија на крв и голема операција.
„Им благодарам многу за она што го направија. Ме преврзаа и постојано ја следеа мојата состојба“, истакнува младиот човек.