Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во гостување на српска телевизија зборуваше за „жестоката кампања против организацијата ЕКСПО“, но и за просечната плата во 2025 година.
„Тој Белград на вода или брзата пруга Белград-Нови Сад, што и да каже некој, брутално бевме нападнати и за двете, денес е град во град. Зборуваа фантазмагории, дека градот ќе биде потопен, дека е кафеана. И никој не се извини за сето тоа“, изјави Вучиќ.
Српскиот претседател потоа зборуваше за „жестоката кампања против организацијата ЕКСПО 2027“.
„Тие луѓе не знаат кој бил Потемкин… Тие се Потемкинови села, го користеле истиот термин за Белград на вода, дека ќе има кулиси, едно или две кафулиња. Таа бајка на Вучиќ стана реалност на Србија, а не е на Вучиќ, туку во неа учествуваа многу храбри луѓе… Многумина се бореа за ЕКСПО. Тие велат дека тоа не е вистинското ЕКСПО, а Астана се развила и се променила толку многу што е еден од најмодерните градови во светот – среде пустина“, рече претседателот.
Вучиќ истакна дека многумина рекле дека лаже кога рекол дека просечната плата во 2025 година ќе биде 1.000 евра.
„Никој не може да прима помалку од 400 евра, тоа не постои со закон, таков работодавач веднаш би бил уапсен, треба да ја поставиме рампата високо. Платата ќе биде повеќе од 1000 евра верувајте. Тие се смеат на суперкомпјутерот, а ние сега купуваме и втор. Тоа е неверојатно за мала земја како Србија. Имаме центар за податоци кој е еден од најбезбедните во светот. Правиме БиоФор институт на Торлак, се движиме кон иднината и се грижиме за се. Но, ние градиме и патишта, бидејќи луѓето сакаат патишта. Патишта ќе има и во Јабланица, затоа ми се смееја. И јас сум среќен што е така, и што луѓето сфаќаат дека можеме многу“, рече тој.