Поради изведување на водоводен приклучок на булеварот „8 Септември“ бр.9 во скопската населба Карпош, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе има болницата „Жан Митрев“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека екипите не завршат со работата.
Поради дефект на затворач на улицата „Иван Аговски“ бр.9 во населбата Карпош, пак, од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Иван Аговски“, „Даскал Камчев“, „Гиго Михајловски“, и дел од улицата „Руѓер Бошковиќ“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до санирање на дефектот.
Поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Христо Смирненски“ бр. 2а во општина Центар, од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со изведбата на приклучокот.