Еден од најдобрите НБА играчи на сите времиња Меџик Џонсон на социјалните мрежи се пофали дека тој и неговата сопруга Куки биле во Дубровник и не го криеше одушевувањето за градoт.
“Куки и јас поминавме прекрасна ноќ во Дубровник, Хрватска во ресторанот Наутика. Глетката беше спектакуларна, а храната неверојатна! Веднаш зад нас е тврдината Ловриенац каде се снимаше “Игра на тронови”! Беше прекрасна недела во која јас и Куки се дружевме, излегувавме, се потсетивме на некои стари времиња“, напиша легендарниот кошаркар на социјалните мрежи и сподели неколку фотографии од Дубровник.
Ова не е негова прва посета на Јадранското крајбрежје, бидејќи тој беше во Дубровник во 2020 година во екот на пандемијата на коронавирус, кога пловел по на јахта и ги посетил националните паркови Крка, Скрадин и Шибеник. Годинава пред да дојде во Дубровник ја посети и Црна Гора, која исто така го воодушеви и напиша дека престојот многу му се допаднало нему и на неговата сопруга.