Патниот правец Прилеп-Градско е во прекин поради сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата „Камен Дол“. Сообраќајна несреќа се случи утрово на патот од Прилеп кон Градско кај Росоман. Затворен е патот за движење преку Росоман, потврди за МИА, портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев. Повеќе детали, се најавуваат за подоцна.
На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
Според првичните информации, во сообраќајната незгода учествувале четири возила.
Сообраќајната незгода е после кафеаната кај росоманското село Камен дол и мора да се врти преку Кавадарци.
Според Авто мото сојузот на Македонија, патот е во прекин од 06:40 часот.