Немања Недовиќ нема да игра за српската репрезентација на Мундобаскет, а иако сѐ уште нема официјална потврда од КСС, српските медиуми објавија дека причините се од приватна природа.
Пред Недовиќ, одлука летово да не настапуваат за репрезентацијата на Србија донесоа и Никола Јокиќ, Василије Мициќ, Никола Калиниќ, а во селекцијата нема да биде ниту Владимир Лучиќ.
Недовиќ играше на Акрополис купот во Атина, но немаше блескави настапи против Грција и Италија, бидејќи на двата меча не успеа да постигне поени.
Светското првенство во кошарка се игра од 25 август до 10 септември на Филипините, Индонезија и Јапонија, а Србија е во групата Б со Јужен Судан, Кина и со Порторико.