Официјалните резултати од обдукциските наоди на трите коњи што неодамна угинаа во Зоолошката градина во Скопје покажуваат дека сортните коњи во се отруени со брзоделувачки отров, дознаваме од официјални извори.
Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување.
ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери.
-Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, велат од ЗОО Скопје