Украинската морнарица денеска соопшти дека почна со работа новиот привремен црноморски „хуманитарен коридор“ и дека се очекува првите бродови да го користат за неколку дена.
Портпаролот на украинската морнарица, Олех Чалик изјави дека коридорот ќе го користат комерцијални бродови за жито и земјоделски производи, кои се блокирани во пристаништата на Црното Море во Украина.
Коридорот ќе биде многу транспарентен, ќе поставиме камери на бродовите и ќе се покаже дека ова е чисто хуманитарна мисија и нема воена цел, истакна Чалик.
Украинската морнарица предупреди дека мините во Црно Море и воената закана на Русија претставуваат ризик.