Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност, по повод 22-годишнината од загинувањето на осум армиски резервисти кај месноста Љуботенски бачила, денеска положи цвеќе пред споменикот на Томислав Настевски во Ѓорче Петров, пред спомен-обележјето во Волково, пред спомен-обележјето во Љубанци и во касарната „Илинден” во Скопје.