Десет ракометари од Бурунди на возраст од 17 години исчезнаа во Хрватска, информира полицијата. Тие во текот на вчерашниот ден групно заминале во непознат правец од центарот на Риека.
“Според досегашните сознанија, се работи за десет ркометари родени 2006 година кои вчера се оддалечиле во непознат правец околу 15.30 часот. Тие беа сместени во студентскиот центар”, информираат од полицијата.
На Светското младинско првенство во ракомет учествува и репрезентацијата на Македонија.