Каевски: Последна шанса за Мицкоски и ДПМНЕ да се престројат зад државните и национални интереси

Манифестот за преговорите со ЕУ зад кој застанаа СДСМ и сите политички партии од парламентарното мнозинство е добра основа за обединување на европскиот пат. Тој е во насока на црвените линии и заклучоците по однос на европскиот предлог усвоени од страна на парламентарното мнозинство.

Ги повикуваме сите политички партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на овој важен документ за европската иднина, порача на денешната прес-конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ и додаде:

-Следствено на манифестот  треба да се случат и уставните измени зад кои треба да застанат сите политички партии и пратеници кои и мислат добро на државата.

Прозорецот на можности Христијан Мицкоски да се приклучи на европскиот блок полека се затвора.

Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси.

Со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата.

Во спротивно, ќе покажат дека сите оние декларативни заложби за ЕУ биле само обичен блеф пред граѓаните, пред домашната и меѓународната јавност.

По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, скриниг процесот се одвива одлично и следно е отворање на првите поглавја за што е потребно усвојување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка.

Време е за глас за Европа во македонското собрание, време е за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет.

Треба да знаете
Последни објави