Американскиот Стејт департмент и одобри на Романија да купи 21 амфибиско оклопно возила, чија цена со вооружување и резервни делови изнесува 120,5 милиони долари.
Романија ќе купи 16 амфибиски возила за превоз на луѓе, три командни возила за извлекување.
Во цената се вклучени и 16 тешки митралези од 12,7 милиметри, пет средни митралези од 7,62 милиметри, автоматски фрлачи на гранати од калибар 40 милиметри, термовизиски нишани, резервни делови и опрема за специјални мисии, како и обука на персонал и техничари.
Романските маринци сега користат помали десантни бродови и гумени чамци. Новите амфибиски возила значително ќе ги зголемат оперативните способности на романските маринци.
Оклопните транспортери ААВП имаат капацитет да превезат 21 војник со опрема, а максималната носивост е 4,5 тони. Со 16 транспортери романската поморска пешадија ќе може безбедно да истовари повеќе од 300 маринци опремени со минофрлачи и лесни преносни системи за противоклопни и противвоздушни операции.