„Обоен тестамент“ по повод Денот на сеќавање на жртвите Роми од холокаустот

Институтот „Ромалитико“ вечер од 19.30 часот во галеријата Чифте амам  организира настан насловен „Обоен тестамент“ по повод  Денот на сеќавање на жртвите Роми од холокаустот, кој се одбележува на 2 август.

Програмата на настанот вклучува тематско цртање во живо од уметници со различни техники, драмски монолози од сведоштва и едукативно кратко предавање со изложба. 

Како што информира организаторот, целта на настанот „Обоен тестамент“ е да покаже почит кон споменот на животите на Ромите изгубени за време на Втората светска војна и нивните страдања.

-Настанот дава можност да се размислува за трагичните настани од минатото и да се нагласи важноста од зачувување на правата и достоинството на сите заедници во сегашноста и иднината. Овој настан конкретно ќе се фокусира на страдањата на ромската заедница за време на Втората светска војна на нашите простори, давајќи родова перспектива на тоа страдање, информира Институтот „Ромалитико“. 

На фејсбук-страницата https://fb.me/e/1otvG7f54 е достапна целата агенда на настанот кој се реализира  во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите, финансиран од Агенција на САД за меѓународен развој – УСАИД. 

Треба да знаете
Последни објави