Македонската машка одбојкарска репрезентација со 2-3 во сетови загуби во пријателскиот меч против Јапонија на турнирот во Кавадарци.
Нашите одбојкари кои се подготвуваат за настап на Европското првенство, водеа со 2-1 во сетови, имаа и предност од 10-8 во петтиот сет, но Јапонците не дозволија да бидат поразени.
Ова е корисна контрола против силен противник кој игра во Лигата на нации, и во текот на јули победуваше тимови како Италија, Словенија, Холандија, Кина, Аргентина, Бразил.