Околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во САД, што е најголем број самоубиства за една година во таа земја од почетокот на Втората светска војна, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести.
Експертите предупредуваат дека самоубиството е комплициран феномен и дека неодамнешните зголемувања би можеле да бидат поттикнати од голем број фактори, вклучувајќи повисоки стапки на депресија и ограничена достапност на услуги за ментално здравје.
Податоците сугерираат дека бројот на самоубиства во 2022 година се зголемил за повеќе од 1.000 на 49.449, што е зголемување за околу 3 отсто во однос на претходната година.
Истражувач во американската Фондација за превенција од самоубиства, Џил Харкави-Фридман, изјави дека главниот двигател на самоубиствата е и зголемената достапност до оружје.