Македонската машка ракометна кадетска репрезентација ја совлада Чешка со убедливи 28:22 и го освоија деветтото место на Светското првенство во Хрватска.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ забележаа уште една важна победа и само го подобрија историскиот резултат за наша селекција на едно У-19 Светско првенство.
Македонија имаше подобар почеток на дуелот, но на полувреме замина со два гола предност, по што следуваше вториот дел во кој двете селекции најчесто играа гол за гол. Така беше се до последниот, клучен период во кој нашите репрезентативци го скршија отпорот на Чесите.
При водство 23:20, кадетите направија 3:0 за плус шест и таа предност не ја испуштија до крајот на средбата, за потврда на 9. место на мундијалот.
Калајџиевски со 12 и Димевски со 8 голови беа најрасположени во нападот на нашата репрезентација, додека кај Чесите, Јосеф го заврши натпреварот со 8 погодоци.