Македонка исчезнала во Грција – семејството бара помош

Уште еден случај на исчезнување е пријавен на Фејсбук страницата во живо од Грција, овој пат се работи за државјанката на Македонија, Милица Гелова (69), на која и се губи трагата на пат кон Василики.

Жената, чија фотографија е објавена во групата, со автобус требало да оди од Агростоље до Василики на Лефкада, каде што требало да се качи на брод, но не се појавила на станицата.

– Милица не стигна ниту со бродот во 13 часот, ниту со следниот во 15.15 часот, и отогаш и се губи секаква трага. Со себе имала мобилен телефон, но интернетот не и бил вклучен, изјавија нејзини блиски.

Семејството ги замолува сите кои имаат некаква информација да се обратат во најблиската полициска станица .

Треба да знаете
Последни објави