Претседателот Пендаровски беше домаќин на американската амбасадорка Агелер

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер.

На средбата беше посочено дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО.

Соговорниците разменија мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина.

Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан.

Треба да знаете
Последни објави