Пронајдена Македонката која беше пријавена за исчезната во Грција – се качила во погрешен автобус

Пронајдена е македонската државјанка Милица Гелова (68 г.) за која семеjството бараше помoш на социјалните мрежи да се пронајде оти не пристигнала во Грција на очекуваната дестинација.

Милица на 09.08.2023 год. тргнала за во Македонија, со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод, но не стасала, што ги загрижило нејзините блиски, па роднина ги алармирала сите да ја најдат што поскоро.

Социјалните мрежи повторно помогнаа во пронаоѓањето кои испратиле повратна информација дека жената се наоѓа во автобус и патува од Солун за Македонија и дека е добро.

Пред малку успеале да стапат во контакт со лица кои им испратиле фотографија од жената во автобус, ја прашале како се вика и од каде е, по што било утврдено дека се работи за истото лице Милица Гелова (69).

 Се претпоставува дека се качила во погрешен автобус. Последната информација кое семејството ја добило од македонската полиција е дека жената штотуку влегла во Македонија на граничниот премин и брзо ќе контактира со семејството.

Треба да знаете
Последни објави