СДСМ: ДПМНЕ треба подобро да биде информирана, Декларацијата за Илинден СДСМ одамна ја поднесе

Дали ДПМНЕ нема капацитет доволно да ги следи политичките случувања во земјава?


Или пак нивната определба да се служат само со лажни вести е причина за манифестираното непознавање на работите и неинформираност од страна на опозициската партија?


Декларацијата за Илинден СДСМ ја поднесе во Собранието уште на 28 ми јули. За поднесувањето и јавно информиравме. Согласно собраниските процедури ќе се најде и пред пратениците.


Покажувајќи вакво незнаење ДПМНЕ излегува многу несериозна.


ДПМНЕ треба подобро да биде информирана и да ги следи случувањата во земјата и во македонското Собрание.

Треба да знаете
Последни објави