Советот на Општина Берово на денешната седница донесе Одлука за доделување финансиска помош од 200.000 денари за загрозените граѓани од поплавите во Република Словенија.
Средствата од изгласаната помош како што информираа од Општината ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот крст на РСМ наменета за помош на настраданото население во Словенија.
-Дополнително Општина Берово уште веднаш по поплавите понуди подготвеност за испраќање посебни тимови за помош и поддршка од локалната противпожарна територијална единица доколку тоа е потребно, истакнаа од Општината.
Словенските противпожарни друштва, како што додадоа, беа од огромна помош во огромните пожари пред две години во Малешевијата и таа помош и поддршка на словенскиот народ и граѓаните на Словенија малешевци никогаш нема да ја заборават.
Општина Берово ќе продолжи да ја следи состојбата во Словенија и доколку е потребно е спремна да понуди и други видови помош на своите словенски пријатели.