Во БиХ е во тек голема полициска акција во областа Градачац, каде полицијата трага по маж осомничен за убиство на неколку лица.
Тамошните медиуми јавуваат дека мажот со огнено оружје убил неколку лица, меѓу кои и сопругата. Снимил се и објавил на социјалната мрежа Инстаграм.
На видеото кое го објавил на социјалните мрежи, а има крајно вознемирувачка содржина, може да се види крв насекаде. Исто така, може да се види и моментот кога со пиштол ја застрелал сопругата.
Овде можете да видите како изгледа убиство во живо“, рекол убиецот.
Станува збор за Нермин Сулејмановиќ, бодибилдер и фитнес тренер, кој и претходно бил приведуван, а според достапните податоци бил и член на нарко група.
Според Аваза.ба, Сулејмановиќ убил три лица, меѓу кои и едно дете.
Сулејмановиќ побегнал од местото на настанот. Потерата по него е во тек, а на терен се специјалци.
„Во Градачац употребено е огнено оружје од машко лице, при што според првичните информации се повредени неколку лица. По лицето интензивно се трага. За настанот бил информиран кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и ги преземаат потребните мерки и дејствија. На терен се испратени екипи на полициската единица за специјална поддршка“, соопшти МУП на округот Тузла, без да соопштува детали.