Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ во прв ред на протестите на пензионерите

Постои ли партиска позадина зад протестите на дел од пензионерите? Во првите редови на оние кои протестираат против постигнатиот договор меѓу Владата и Сојузот на пензионери за новата методологија за покачување на пензиите може да се забележат членови на ВМРО-ДПМНЕ. Таков е примерот со протестите одржани во Прилеп. Медиумите споделија фотографии од настанот, а на нив може да се забележи пензионерката Верче Јанческа. Таа неофицијално освен што е член на ВМРО-ДПМНЕ е и член на партиските структури, односно член на ветераните на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. На нејзиниот фејсбук профил може да се забележат фотографии со претседателот на партијата Христијан Мицкоски, а воедно има и фотографии од партиски активности. Во меѓувреме, се јавува и како организатор на протестите на дел од пензионерите.

Протестите започнаа со барањето за линеарно покачување од 3.500 денари на пензиите, иако со новата методологија, актуелна методологија, пензионерите добија повисоки пензии за околу 21 отсто за само година и пол. Според Министерството за труд и социјална политика актуелната методологија за порамнување на пензиите обезбедувала историски најголем и континуиран раст на пензиите, а протестите не се решение. Со новата методологија во септември 2022 година порастот беше 6,8 отсто, во март оваа година 8,4 отсто и дека според моменталната проекција за септември 2023 година се најавува раст за најмалку 6 отсто.

Треба да знаете
Последни објави