Нермин Сулејмановиќ, троен убиец од Градачац, денеска се самоуби. Тоа го направил пред полицајците по хајка која траела со часови.
Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ. Мрежата на жените на БиХ, неформална група со повеќе од 4.100 членови, го објави злосторството на Фејсбук и некрологот на убиената Хеќимановиќ.
„Таа го пријави насилството – па тој ја убил. Жените се убиваат овде затоа што даваат отпор. Жените се убиваат овде затоа што бараат заштита. Бараме од институциите на оваа држава да ги заштитат сите жени кои пријавуваат насилство и да ги истражат сите можни индиции дека некаде се случува насилство“, соопштуваат оттаму.
Загинаа и Џенгиз Ондер и Џенгиз Денис, татко и син, турски државјани.