Си-Ен-Ен- Најавената борба против „нарко-државата“ му донесе моќни непријатели на убиениот еквадорски претседателски кандидат

Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен во средата на предизборен митинг, беше познат како борец против корупцијата, а тврдеше и дека земјата е „нарко-држава“, што му донесе моќни непријатели, пишува Си-Ен-Ен.

Како 59-годишен пратеник во Националното собрание, тој отворено зборуваше за корупцијата и насилството предизвикано од шверцот со дрога во земјата, а во мај, во изјава за Си-Ен-Ен рече дека Еквадор станал „нарко држава“ и се понуди да ја предводи борбата против, како што рече, „политичката мафија“.

Тој за време на кампањата предупредуваше и на албанската мафија, која, како што рече, ја контролира земјата заедно со уште два мексикански картели.

„Денес Еквадор е контролиран од картелот Халиско Нова генерација и картелот Синалоа, обајцата од Мексико, како и албанската мафија“, изјави Вилависенсио за Си-Ен-Ен Еспањол во мај. 

Треба да знаете
Последни објави