Трикратниот убиец во БИХ се самоуби пред очите на полицијата

Нермин Сулејмановиќ, бодибилдерот и фитнер тренерот кој денеска уби три лица во Градачац во БИХ, се самоуби, потврдија за порталот „Аваза“ од полицијата. Тој се самоуби пред очите на полицајците.

Тој денеска во својот крвав пир ја уби сопругата и уште две лица и сето тоа го пренесувал во живо на социјалните мрежи. Сулејмановиќ потоа уште еднаш се јавил во живо и кажал дека бебето е живо, и дека се надева дека е убил и полицаец.

„Ги убив синот и таткото. Не знам како ми се испречија. Ја убив жената, и се надевам дека убив и полицаец. Бебето е живо“, рече Сулејмановиќ.

Тој бил познат на полицијата од претходно поради кривични дела. Имало против него распишано и меѓународна потерница.

Треба да знаете
Последни објави