Николовски: Што повеќе млади земјоделци да се реализираат и да работат дома

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил упати честитка по повод 12 Август, Меѓународниот ден на младите.

Николовски се осврнува на поддршката за младите земјоделци и порачува дека негова лична заложба е што поголем број од нив да се реализираат и да работат дома, во земјава. 

-Од 2017 до 2022 година ️841 решение е доделено од двете мерки за млад земјоделец во износ од 10 000 и 20 000 евра, за поддршка и развој на младите. Во август следува нов јавен повик за поддршка од 10 000 евра на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност. Доделивме стипендии во износ од 18 000 денари за студенти запишани на додипломски студии од областа на земјоделството, шумарството и ветеринарството. Ги вклучуваме студентите во изработка на програми и закони, преку волонтирање во рамките на МЗШВ. Потпишавме Меморандум со факултетите со што овозможуваме организирање и реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите. Во моментов имаме 24 практиканти со месечен надомееток од 70 отсто од минимална плата. Моја лична заложба е што повеќе млади во земјоделството да се реализираат и да работат дома, во својата татковина. Вие младите сте сегашноста, инвестираме и вложуваме во вашата иднина, наведува Николовски.

Треба да знаете
Последни објави