Шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано со победа ја отвори новата сезона во Ла Лига, славејќи на гостувањето кај Алмерија со 0:2. Одличен настап имаше и македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски кој ја сочува мирна својата мрежа.
„Среќен сум за ваков почеток на сезоната. Ги искористивме своите шанси и победивме. Работиме навистина добро како тим. Се радувам за навивачите кои дојдоа на ова гостување, оваа победа им ја посветуваме на нив“, изјави Столе Димитриевски за шпанските медиуми.
Во второто коло, Димитриевски и Рајо Ваљекано ќе се сретнат со Гранада.