Арсенал со триумф ја започна новата сезона

Арсенал стигна до првата победа во новата сезона откако на „Емирати“ го совлада Нотингем Форест со 2:1. Но, фудбалерите на Микел Артета се намачија за да стигнат до триумф.

„Топчиите“ по првиот дел обезбедија два гола предност, со головите на Нкетија и на Букајо Сака, но Нотингем Форест се врати резултатски во второто полувреме, со погодокот на Таиво Авонији во 82.минута.

Тогаш гостите тргнаа со сите сили по израмнување, а Арсенал едвај успеа да ја сочува предноста.

Треба да знаете
Последни објави