Во Одеса отворени неколку плажи првпат по руската инвазија

Неколку плажи во украинскиот црноморски град Одеса се официјално отворени за првпат од почетокот на руската инвазија, и покрај забраната за пливање за време на воздушни напади, соопштија денеска локалните власти.

Одеса, најголемото пристаниште и поморска база во Украина, постојано беше напаѓана со проектили и беспилотни летала, а морето беше преполно со стотици мини од инвазијата во февруари минатата година.

Заради безбедност на жителите и по експлозија на неколку мини на плажите, крајбрежјето е затворено.

„Воените и цивилните власти заеднички одлучија повторно да ги отворат плажите“, напиша гувернерот на областа Одеса, Олег Кипер, на Телеграм. Тој рече дека плажите ќе бидат отворени од осум до 20 часот.

Олександр, спасител и поранешен нуркач, рече дека е поставена противминска мрежа за да ги заштити пливачите од мини во плиткото море. 

Треба да знаете
Последни објави